Упатство за потполнување на формулар за регистрација
(За илустрација ќе го посочиме онлајн шопот Купи во ЕУ, кој веќе е поставен)


1. Назив/име на продавницата**
Називот односно името на продавницата ќе биде истакнато на вашиот онлајн шоп на позицијата претставена на сликата (пример: „Купи во ЕУ“, во посечениот онлајн шоп):

2. Слоган на продавницата
Ако имате слоган за продавницата и го внесете, тој ќе биде истакнат на вашиот онлајн шоп на позицијата претставена на сликата (пример: слоганот „Бренд или ништо“ во посочениот онлајн шоп Купи во ЕУ):

3. Опис на продавницата
Описот на Вашата онлајн продавница, со кој ќе опишете кои производи или услуги ги продавате, ќе биде видлив на позицијата претставена на сликата (пример: описот на онлајн шопот Купи во ЕУ)

4. Контакт
Контактните информации што ќе ги внесете ќе бидат претставени на позицијата, претставена на сликата (пример: контактните податоци за онлајн шопот „Купи во ЕУ“)

5. Веб страница
Со внесување на линкот до вашата веб страница (ако го имате), истата ќе биде видлива во делот за контакт. Ако немате веб страница, не го потполнувате овој дел (пример: веб страницата http://kupivoeu.de/ за онлајн шопот Купи во ЕУ)

6. Лого/слика
Логото или сликата што ќе го прикачите на вашиот онлајн шоп ќе се прикажува како насловна фотографија на позициите каде ќе биде поставен вашиот онлајн шоп (пример: насловната фотографија на онлајн шопот Купи во ЕУ):
  • Почетната страница, соодветно на избраната позиција:
  • Во делот посветен на категоријата кадешто е отворен онлајн шопот:
  • Како почетна слика на профилот на онлајн шопот

7. Опис на доставата и достапност на услугите
Со потполнување на оваа поле ги истакнувате условите за вашите услуги или начинот на достава, истите ќе бидат истакнати на позицијата презентирана на сликата (пример: начинот на достава на промо верзијата на онлајн шопот ZALANDO):

8. Изберете категорија во која ќе го сместите вашиот онлајн шоп;
Преку штиклирање ја избирате категоријата во која ќе биде сместен вашиот онлајн шоп. Тоа зависи од видот на продуктите или услугите кои ги продавате и промовирате. На сликата се наведени категориите кои во делот за регистрација ќе ги видите и треба една да изберете.

Определени се 11 категории.

Ако продуктите или услугите што ќе ги продавате и промовирате преку вашиот онлајн шоп не се вклопуваат во определените 11 категории, тогаш можете да го сместите вашиот онлајн шоп во катагориите; Други производи; или Други услуги.

На сликата се прикажани категориите кои ќе ги најдете во делот за регистрација на вашиот онлајн шоп.

Пример: За онлајн шопот Купи во ЕУ, при регистрација е штиклирана категоријата Услуги, и под истата категорија се појавува на 24mall.mk

9. Изберете позиција на вашиот онлајн шоп;
На сликата се прикажани позиции кои ќе ги најдете во делот за регистрација на вашиот онлајн шоп. Овде избирате на кои позиции ќе биде истакнат вашиот онлајн шоп.

  • Прва позиција на насловна страна
    Пример: Онлајн шопот Нет Архитектура во категоријата услуги
  • Втора позиција на насловна страна
    Пример: Онлајн шопот Учи македонски онлајн во категоријата Услуги
  • Трета позиција на насловна страна
    Пример: Онлајн шопот Купи во Еу во категоријата Услуги
  • Четврта позиција на насловна страна
    Пример: Онлајн шопот Некролог во категоријата Услуги
  • Внатрешна страна
    Вашиот онлајн шоп нема да биде видлив на почетната страница на 24mall.mk, туку ќе биде видлив само кога ќе се влезе во соодветната категорија. Пример: аптеката „Здравје“ во категоријата Аптеки.
10. Дали сакате продуктите од вашиот онлајн шоп да се прикажуваат на главниот слајдер?
Со штиклирање на опцијата „ДА- сакам продуктите да се прикажуваат на слајдерот“ ја овозможувате опцијата да вашите продукти бидат истакнати на главниот слајдер.

Пример: Пената за мажи Regaine од истоимента аптека

11. Број на продукти/услуги на вашиот онлајн шоп
Во оваа опција одредувате колку продукти во ист момент да бидат презентирани на вашиот онлајн шоп;

На сликата се прикажани можностите за број на продукти или услуги кои ќе ги најдете во делот за регистрација на вашиот онлајн шоп. Овде избирате колку продукти или услуги во ист момент да бидат презентирани за продажба или рпомоција на вашиот онлајн шоп;

Пример: Онлајн шопот Booking DE- MK e регистриран на 15 продукти, претставени на две страници
Страна 1

Страна 2

​Македонија;
Елена Павловска​, ​
одговорна за комуникација
со клиенти
Телефон; 00 389 (0) 76 346 702
office@24mall.mk
Германија;
Митко Јованов​,
одговор​ен​ за комуникација
со клиенти
00 49 (176)38 031 136
office@24mall.mk
Лице за Техничка поддршка;
Леонид Аргировски;


Телефон; 00 389 (0) 78 368 994
office@24mall.mk
<< Назад